Културата живее „виртуелно“, теaтрите и кината под клуч
Foto

Културата живее „виртуелно“, теaтрите и кината под клуч

Влез со песна. Сме поминале многу бури, заедно ќе ја пребродиме и оваа. Никогаш не било лесно, но на мака се познаваат јунаците.

Светската пандемија ги затвори театрите во Македонија, репертоарот е замрзнат. Откажани се и новите театарски премиери на кои до пред само три недели работеа актерите. Пред само неколку дена во Драмскиот театар требаше да се случи премиерата на претставата „Хипноза на една љубов“, во која Драган Спасов Дац има своја улога, но денес и тој наиде на затворена врата.

Сепак, Македонија не остана целосно без култура, култните претставите сега може да се гледаат на јутјуб каналите, директно од вашиот дом.

Театар од дома сега е единствена опција, но ни од блиски не е истата магијата, вели Дац , но ова е надеж дека на овој начин може да се придобијат и идни нови гледачи на театарски претстави, откако сето ова ќе помине.

И најмладите останаа без своите омилени претстави во Тетарот за деца и младинци , но редовно во недела преку националниот канал децата ги гледаат најинтересните бајки во своите домови.

Пред само неколку дена премиера требаше да доживее и првиот долгометражен семеен филм за деца „Стела“. Според режисерот Стојан Вујисиќ, невозможно е во ваква состојба да се мисли на премиера на филм пред голема публика, сепак приоритет е надминување на состојбата, и одговорноста кон колективното здравје, а Стела е филм во кој публиката треба да ужива и да прати порака дека за секого има надеж.

 

Кризата предизвикана од Ковид 19 допрва ќе се одрази и врз филмската уметност. Стопирани се сите снимања на филмови, проекти повеќе нема, невозможно е во ваква состојба да се снима, вели Вујисиќ.

 

И се додека не можете да одите на кино проекции, може да одберете дел од филмовите кои на некој начин и ја предвидоа оваа состојба, и да замислите како во услови на физичка дистанца, може да се снимаат филмови.

0 Коментари

Остави коментари