КСС од протестот во Куманово: Или повисоки плати во јавниот сектор - или штрајк
Foto

КСС од протестот во Куманово: Или повисоки плати во јавниот сектор - или штрајк

Ние немаме време за чекање, проблемите се горливи - порачаа синдикалците. Ако лани кога ги почнале протестиле било во пет до дванаесет, сега времето истекло и веќе е дванаесет и десет, бидејќи бараат платите да се покачат од почетокот на годинава, а сега е веќе април. Сметаат дека тоа што протестираат во сред изборна кампања, ќе направи дополнителен пртисок врз власта. 

„Барањата се усогласување на платите во јавниот сектор, односно процентот за кој е покачена минималната плата од 01.01.2019 година, сиплата на К-15 во јавниот сектор, како и откажување од идејата за трансфер од јавен во приватен сектор. Во јавниот сектор некаде епросечната плата ако се зме во сите сектори, некаде околу 19.000 денари, но во многу сектори е и под таа сума, што можеме да кажеме дека јавниот сектор доаѓа на позиција на социјална категорија со социјални примања. Работничките права во Македонија се повеќе и повеќе се кршат од ден на ден. Мора да ги убедиме и властите и работодавачите дека ние треба да бидеме партнери, а не да бидеме нивни робови и злиупотребувани од нивнатта страна“ - изјави Благоја Ралковски, претседател на КСС.

Членовите на синдикатот пак кои дојдоа во Куманови од повеќе градови во земјава, велат дека платите во јавниот сектор се на ниво на социјална помош и делуваат демотивирачки врз вработените.

„Бараме К-15, плата и други работи. Од јануари протестираме и се надеваме дека ќе одиме на штрајк , ако не се реализира.“

„Платата е социјална. Со таа плата што ја земаме со овој наш стандард ние не можеме ништо да се пофалиме“.

„Принудени сме од игнорантскиот однос на Министерствоото за образование и Владата кон просветниот работник. Знаете веќе најавен е генерален штрајк, а генералниот штрајк не е обична работа, не е мачјина кашлица. Тоа ќе направи еден голем застој во државата.“ - изјавија членови на КСС.

Синдикалците протестираат веќе 1,5 година, а протестот во Куманово е петти по ред низ градовите во земјава. Велат дека ќе продолжат со протести уште за многу кратко,зошто ако не се исполнат нивните барања се закнуваат со Генарален штрајк.

0 Коментари

Остави коментари