КСОМ: Државата да ги обесштети работниците од поранешна „Порцеланка“
Foto

КСОМ: Државата да ги обесштети работниците од поранешна „Порцеланка“

Државата да ги обештети работниците од поранешната фабрика за порцелан од Велес, бара Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија.

На денешната средба со стечајните работници од „Порцеланка“, која не работи речиси 20 години, а во која некогаш работеа четири илјади работници, претставниците од конфедерацијата на синдикати ги слушна проблемите со кои овие стечајци се соочуваат речиси две децении.

Работниците имаат извршни судски решенија за исплата на заостанати плати, но не можат да ги наплатат, бидејќи „Порцеланка“ повеќе не постои како правен субјект. Синдикалците и поранешните вработени на „Порцеланка“ се договија да формираат тим, кој преку бесплатната правна помош, која Конфедерацијата ја има, ќе се борат пред институциите за правата на овие, но и други стечајни работници, чии фабрики беа во државна сопственост, а тие останаа без работа поради неуспешните стечајни постапки.

0 Коментари

Остави коментари