Крвавиот инцидент во с. Љубош има своја историја
Foto

Крвавиот инцидент во с. Љубош има своја историја

Вчерашната крвава пресметка во с. Љубош отвори многу прашањања и непознаници. Тв 24 дозна дека претходела вербална расправија, но и долгогодишно несогласување помеѓу две семејства.

Тензичниот однос резултираше со крвав инцидент по скопските улици. Две лица завршија во болница, 30 годишен маж со прострелна рана во стомакот е во критична состојба, другиот е на скопските клиники вон животна опасност- информира за ТВ 24 д-р. Љубен Арсенов, директорот на болницата Св. Наум Охридски.

Сепак, вчерашното пукање има историја - пред 4 дена беа опожарени автомобили во с. Батинци на еден од учесниците во вчерашната престрелка. Експертот по безбедност и криминалистика, Љубомир Ѓурчевски за ТВ 24 вели дека многу често се врзува со обид на криминалните групи да извршат меѓусебни пресметки и да испратат пораки.

Во 2020 година на територија на земјава се регистрирани вкупно 111 настани со опожарени возила, информираат од МВР.

„По преземени мерки и активности заклучно со 31.12.2020 година поднесени се 13 кривични пријави за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ и „поттикнување“. - велат од МВР.

Вчерашното пукање и опожарувањето автомобили се само еден пример како завршуваат меѓусебните недоразбирања во земјава. Сите учесници во крвавата престрелка од Батинци се лишени од слобода, потврдија од МВР, а по расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

0 Коментари

Остави коментари