Кризна состојба во државава, попладне седница на главниот штаб за управување со кризи
Foto

Кризна состојба во државава, попладне седница на главниот штаб за управување со кризи

Се додаваат нови болнички кревети во ковид центрите во главниот град. Бројката на пациенти на кои им е потребно болничко лекување продолжува да расте. Ковид одделенијата во Скопје се проширени за дополнителни 43 кревети.

Само во во изминативе 24 часа се примени 36 нови пациенти на скопските клиники поради компликации од вирусот. Голем дел од заболените според податоците на министерството за здравство се на кислородна поддршка. 

Но, проблемот не е само во бројката на болничките кревети, велат од тетовската болница каде што во моментов повеќе од 40 пациенти се хоситализирани. Она што ги загрижува лекарите велат е ширењето на вирусот и смртните случаи. 

„Не е проблем бројот на кревети, имаме локации, не ни требаат шатори. Проблем е вирусот и смртните случаи. Првите два ката од зградата каде е интерното одделение се во функција за ковид-центарот, ако има потреба и за третиот кат каде е педијатрија персоналот може да се премести за само еден ден. Но засега нема потреба.“ - вели координаторот на КОВИД-центарот, д-р Гзим Нуредини. 

Од почетокот на пандемијата, во тетовскиот регион се регистрирани 3372 лица кои заболеле од КОВИД-19. Пчинати се вкупно 142 лица а во момнентов бројот на активни случаи изнесува 960.

Дека болничките капацитети се веќе преполнети и дека ситуацијата е веќе алармантна предупреедуваат и лекарите од инфективните одделенија во Скопје. Преку видео обраќање до граѓаните апелираат да се почитуват мерките за заштита за да се намали бројката на заразени и хоспитализирани.

0 Коментари

Остави коментари