Кривокапиќ денеска го претставува составот на новата црногорска Влада
Foto

Кривокапиќ денеска го претставува составот на новата црногорска Влада

Мандатарот на новата црногорска Влада, Здравко Кривокапиќ, денеска ќе го претстави конечниот предлог за состав на 42-та Влада на Црна Гора, соопшти Граѓанското движење УРА.

Како што се наведува оттаму, прес-конференцијата ќе се одржи на пладне во Подгорица.

Кривокапиќ претходно најави дека програмата и предлогот за состав на новата влада ќе ги достави до Собранието до петок, 27 ноември, а седницата на која пратениците ќе се изјаснат за неа е закажана за 2 декември.

0 Коментари

Остави коментари