Кривични пријави за седум лица за пукањето на Матка
Foto

Кривични пријави за седум лица за пукањето на Матка

Одделението за насилен криминал во Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривичнa пријавa до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје, против М.С.(40), Ќ.С.(23), М.С.(47), И.С.(25), Р.И.(24), Б.Е.(32) и В.К.(24), сите од Скопје, осомничени дека сториле кривично дело „насилство“, казниво по член 386 од Кривичниот законик.

На 09.05.2020 околу 15.10 часот, соопштија денеска од МВР,  пријавените пристигнале на платформата за чамци во кањон Матка во сопственост на А.С.(40), С.С.(41) и С.С.(31), сите од Скопје. 

– Веднаш потоа, првопријавениот физички го нападнал А.С., додека четвртопријавениот со нож му се заканувал. Потоа, второпријавениот физички го нападнал С.С.(31). Во тој момент се вмешал полициски службеник, кој се обидел да ги раздели и да ја смири ситуацијата, но првопријавениот од пиштол за светлосно – звучна сигнализација испукал еден проектил кон оштетениот А.С., се појаснува во соопштението од МВР. 

0 Коментари

Остави коментари