КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА ДИК, ТЕЧАТ РОКОВИТЕ ДО МОЖНОСТА ЗА ЖАЛБИ ДО УПРАВНИОТ СУД
Foto

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА ДИК, ТЕЧАТ РОКОВИТЕ ДО МОЖНОСТА ЗА ЖАЛБИ ДО УПРАВНИОТ СУД

Kоалицијата „Никогаш Северна - Само Македонија“, поднесе кривични пријави против претседателот на Државната изборна комисија, Oливер Деркоски и останатите шестмина членови на комисијата. Како што изјави Јове Кекеновски наместо официјалното поднесено и прифатено име на коалицијата, на гласачкото ливче го пишувало само името на политичката партија „Единствена Македонија“ која е дел од коалицијата и официјален подносител на изборните листи.

Кекеновски признава дека ниту тој ниту било кој член на коалицијата не поднеле приговори ниту до обвинителството ниту до Народниот правобранител на денот на изборите но, како што вели тој, не е важно кога се реагира важно е дека членовите на ДИК сториле тешки кривични дела против изборниот процес. 

На кривичната пријава против Државната изборна комисија и' претходеше вчерашната кавга помеѓу Јанко Бачев од „Единствена Македонија“ како дел од коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“ и претседателот на ДИК Оливер Деркоски.

До Државната изборна комисија беа поднесени вкупно 2.142 приговори за текот на гласањето и за утврдувањето на резултатите од изборите на 15 јули. Незадоволните партии од одлуката на комисијата имаат право на жалба до Управниот суд во рок од 24 часа откако ДИК ќе им издаде решенија за учество на изборите. Оттаму велат дека со оглед на тоа дека станува збор за голем број решенија за кои е потребен и потпис од претседателот на ДИК, истите ќе бидат доставувани онака како што ќе бидат изготувувани. Откако Управиот суд ќе ги донесе конечните одлуки, Државната изборна комисија ќе ги објави официјалните резултати и ќе им издаде уверенија на новите пратеници.

0 Коментари

Остави коментари