Кривични пријави против поранешните градоначалници на Македонски Брод и Пехчево
Foto

Кривични пријави против поранешните градоначалници на Македонски Брод и Пехчево

Кривични пријави заработија поранешните градоначалници на Македонски Брод и Пехчево за злоупотреба на службената положба и овластување, бидејќи во текот на 2017 година склучувале договори со правни и физички лица со што нанеле штета на буџетот на општините.

Како што информира мвр, м. В. Од Македонски Брод, како градоначалникот на општината исплатил фактура од над 277 илјади денари на правно лице и покрај тоа што не биле исполнети обврските од договорот, додека и. П. Како градоначалник на општина Пехчево, без да спроведе постапка за јавна набавка склучил договори со две физички лица од градот со што предизвикал штета од 76 илјади денари.

0 Коментари

Остави коментари