Кривична пријава за неовластено снимање за Трипуновски
Foto

Кривична пријава за неовластено снимање за Трипуновски

Раководителот на подрачната единица во Берово кој беше меѓу снимените вработени од страна на техничкиот министер Цветан Трипуновски подготвува кривична пријава против неговиот актгуелен шеф.

Според извори од Министерството за земјоделие ТВ тв 24, пријавата се пишува за кривичното дело неовластено снимање, член 152 од Кривичниот законик, бидејќи во овој случај нема јавен интерес. Од Министерството за земјоделство дополнуваат дека се нарушени правата на приватност и лични податоци. Трипуновски неовластено ги пуштил јавно.

 Од друга страна, од ВМРО-ДПМНЕ, велат дека дококолку било кој во оваа држава постапува согласно закон и согласно своите надлежности, во овој случај од функцијата заменик министер да контролира во овој случај неработата на тие вработени таму и дали дали тоа е излегување надвор од неговите обврски, треба некој друг да каже, а не ние политичарите. Доиколку некој се почувствува загрозен, доколку на било кој начин му било наштетено, има надлежни институции кои треба да ја работат својата работа,

0 Коментари

Остави коментари