Кривична пријава за директорот на МРТ Марјан Цветковски
Foto

Кривична пријава за директорот на МРТ Марјан Цветковски

Кривична пријава против директорот на МРТВ Марјан Цветковски поднесе финансиската полиција до ОЈО Скопје со образложение дека во 2015 година ја злоупотребил службената должност со што го заложил имотот на МРТВ без дозвола од собранието и нанел штета од околу 2 милиони евра на државата.

На пресконференцијата од финансиската полиција дообјаснуваат дека Цветковски се сомничи дека побарал сума за крдит скоро дупло помала од заложениот имот а за истиот предмет кривична пријава заработил и нотарот кој го заверил договорот за залог.

Покрај овој предмет исто така финансиската полиција поднела кривични и за два други предмети односно вториот кој се однесува на случајот ТЕ ТО за лажен стечај а во него опфатени се Претседател на Управен одбор, стечајната судијка, и нотарка под сомнение дека во Те ТО се переле пари од Руската федерација, а притоа била нанесена штета на топлификација во износ од 11, 7 милиони евра.

Третиот случај опфаќа три кривични пријави против директорот на ЈЗУ Институтот за јавно здравје , Шабан Мемети, раководителот на секторот за логистика и правно финансиски работи и референтот за наплата на побарувања на ИЈЗ, бидејќи во периодот од 2010 до 2017 та година несовесно постапувале во наплатата на долговите, односно не превзеле никакви правни дејства и простиле долгови со што нанеле штета од над 600 илјади евра на ЈЗУ Институтот за јавно здравје. Од почетокот на годината заклучно до вчера финансискат полиција поднеле 28 кривични пријави против 51 физичко лице и против 28 фирми, за 48 кривични дела.

Директорот Муареми најави и дека се собираат докази и за други предмети и вели очекува брза реакција и на најповиканите институции кои треба да ги расчистат овие случаи.

0 Коментари

Остави коментари