Кривична пријава против шест полициски службеници вработени во СВР Скопје
Foto

Кривична пријава против шест полициски службеници вработени во СВР Скопје

Одделот за внатрешна контрола при МВР, до одделението за гонење на сторители на кривични  дела на лица со полициски овластувања поднесе кривична пријава против шест полициски службеници вработени во СВР Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „малтретирање во вршење служба“.

По извршените проверки и увидот во безбедносните камери констатирано е дека на настанот претходел друг кривично-правен настан, по што оштетениот бил врзан со лисици и врз него неосновано била употребена физичка сила, со што биле пречекорени полициските овластувања.

Против пријавените полициски службеници поведена е и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност во МВР.

0 Коментари

Остави коментари