КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗА НЕОВЛАСТЕНО ПРИСЛУШУВАЊЕ И ТОНСКО СНИМАЊЕ
Foto

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗА НЕОВЛАСТЕНО ПРИСЛУШУВАЊЕ И ТОНСКО СНИМАЊЕ

Кривична пријава против четири лица за неовластено прислушување и тонско снимање поднесе прилепската полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп. Се работи за Љупчо Палевски и уште три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено прислушување и тонско снимање“, бидејќи на 4 април годинава на јавен собир во Прилеп организиран од движењето „Бојкотирам“ пуштиле тонска снимка од разговор помеѓу две лица за која постои основа на сомнение дека е неовластено тонски снимана. Палевски и останатите тогаш беа задржани во полициска станица, а по наредба на обвинител беа извршени и претреси во кои беа одземени нивните мобилни телефони и друга електронска и компјутерска опрема. За делото за кое се теретат , кривичниот законик предвидува парична казана или затвор до една година.

0 Коментари

Остави коментари