Кривична пријава против 10 лица поради напад на полициски службеници
Foto

Кривична пријава против 10 лица поради напад на полициски службеници

Кривични пријави заработија 10 лица, сите од прилеп поради основано сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ – соопштија од секторот за внатрешни работи прилеп по инцидентот во кој пет полицајци беа брутално нападнати од дивокрадци на стариот пат Прилеп-Велес.

Осомничените се приведени, најмладиот има 21 година, највозрасниот 52 години. Повредените полицајци се во добра здравствена состојба а најмногу настрада началникот на полицискиот одделение Чашка.

0 Коментари

Остави коментари