Критично и во Старо Нагоричане
Foto

Критично и во Старо Нагоричане

Активни во моментов се девет пожари, а состојбата е најсериозна во Општината Старо Нагоричани, околу селото Дренак. Поради непристапниот терен гаснењето со возила е невозможно, па вработени во Шумско стопанство, Противпожарната единица на Старо Нагоричене и МВР, пожарот го гаснат рачно.

Состојбата се менува од час во час, но ние ги имаме ангажирано сите расположливи ресурси, и верувам доколку не се појават нови, во текот на денешниот ден ќе воспоставиме целосна контрола врз сите пожари, изјави в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Тој посочи дека состојбата е најкритична околу селото Дренок, а во овој момент таму дејствуваат три хеликоптери од Србија, заедно со еден наш армиски хеликоптер. Ангелов очекува наскоро тој пожар да биде ставен под контрола.

0 Коментари

Остави коментари