Крим: 40 деца и возрасни хоспитализирани поради труење со храна
Foto

Крим: 40 деца и возрасни хоспитализирани поради труење со храна

Околу 40 деца и возразни се хоспитализирани поради труење со храна во летен камп на Крим, соопштија локалните власти.

Според здравствени официјални претставници, повеќе од 40 лица се пренесени в болница, главно со слаби симптоми, а има деца и возрасни.

Директорот на летниот камп Ренат Кајумов изјави дека децата пристигнале од Казањ, главниот град на округот Татарстан.

Во кампот моментно се наоѓаат околу 700 деца и тој ќе продолжи со работа.

0 Коментари

Остави коментари