Ковачевски за ТВ 24: 6 милиони евра од владата се на посебна наменска сметка на АД ЕСМ за набавки на гас

Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски во дневникот во 17 часот истакна дека договорот се уште не е потпишан и доставени се предлог договорите кои се усоглсени и се чека на одобрување.

- Ние ги предложивме предлог договорите помеѓу правните субјекти, одредивме прокуристи кои ќе бидат задолжени од АД ЕСМ и ќе ги застапуваат интересите. Ќе пристапиме кон реализација на овие договори согласно одлуката од утрешниот ден и ќе го преземеме снабдувањето на гас и топлинска енергија за кои имаме износ од 6 милиони евра од владата. Овие пари се на посебна наменска сметка на нашата компанија и од тие сретства ќе се вршат тековните набавки за нормално функционирање во овој период. Со сретствата ќе се управува само за снабдување на топлинска енергија. - рече Ковачевски.