Костовска: Блаже Конески бил иницијатор за проучување на средновековни ракописи за втемелување на македонскиот јазик
Foto

Костовска: Блаже Конески бил иницијатор за проучување на средновековни ракописи за втемелување на македонскиот јазик

Втемелувањето на македонскиот јазик е направено и преку расчитувањето на средновековните писмени ракописи, за што иницијатор за нивно проучување бил токму Блаже Конески, вели за Телевизија 24, д-р Весна Костовска - научен соработник во Институтот за македонски јазик.

Таа посочува дека токму неговата заложба е од најисклучително значење за оваа, според неа т.н. „старинска дигитализација“ која нам ни е потребна денес, во контекст на случувањата за јазикот.

Интервјуто со д-р Костовска е направено во рамки на рубриката „Разговори за Конески“, посветена на 100-годишнината од раѓањето на кодификаторот на македонскиот јазик.

0 Коментари

Остави коментари