Костадинов: За две години бројот на вработените се зголеми, отворени се над 26.000 работни места
Foto

Костадинов: За две години бројот на вработените се зголеми, отворени се над 26.000 работни места

Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ на прес-конференција рече дека земјата се движи кон силна економија. Тој се осврна растот на бруто домашниот производ од 3,7 проценти во последниот квартал од 2018 година. Посочи дека во 2018 обезбеден е рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра, а како трет важен економски параметар посочи на индустриското производство во 2018, кое било највисоко во последните седум години, 5.4 проценти.

„Забележан е најголем раст на просечната плата од 8.1 отсто во декември 2018 година – 25.784 денари, а невработеноста се намалува, на историски најниско ниво под 20 проценти. За неполни две години бројот на вработените е зголемен, а отворени се над 26 илјади работни места. Континуираниот раст на економијата, зголемувањето на инвестициите, индустриското производство, растот на платите и намалувањето на невработеноста покажуваат дека стратешки добро се поставени политиките, се движиме во вистинска насока“ - изјави портпаролот на СДСМ.

 

0 Коментари

Остави коментари