Костадинов: Мицкоски, со кои бугарски структури соработуваш?
Foto

Костадинов: Мицкоски, со кои бугарски структури соработуваш?

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов го прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да каже со кои структури во Бугарија интензивно соработува во овој период имајќи предвид дека вчера на протестот изјави дека „има информации дека овој викенд во Софија се распарчува Македонија”.

-Христијан Мицкоски има должност да излезе пред граѓаните и да каже кој му ја дал оваа информација? Дали лично му се јавија на Мицкоски или преку посредници? Ако знаел дека се подготвува нешто опасно по државата зошто не пријавил во надлежни институции? Еве го викендот. Ниту се распарчивме ниту имало официјални претставници во Софија, рече Костадинов.

Тој притоа го постави, како што рече, клучното пршање – за кого одработува Христијан Мицкоски, за чиистрански интереси, за кои центри. Костадинов оцени дека во многу важен период за македонската иднина кога се работи за членството во ЕУ, Мицкоски работи против сопствената држава.

-Масовно и оркестрирано се шират невистини, се пласираат лажни вести, се поттикнуваат конфликти, нетолеранција и поделби меѓу граѓаните.Слично како и потпишувањето со Преспанскиот договор. И тогаш се ширеа лаги ‘толку со македонскиот идентитет’ за да се покаже сосема спротивното, дека е потврден и признаен. За македонскиот идентитет не се разговара, и не може да се разговара ниту ќе разговара. Мицкоски, на твоја огромна жал. Ние сме Македонци! Зборуваме македонски јазик кој нема бугарски корени! Македонската иднина е во и со Европа!, рече Костадинов.

0 Коментари

Остави коментари