Коронавирусот влезе во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје
Foto

Коронавирусот влезе во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје

Петмина пациенти и тројца вработени во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје се позитивни на ковид 19, дознава тв 24.

Пациентите кои се повзрасни и се лекувале таму пројавиле симптоми и биле тестирани и излегле позитивни на тестот. Сите се пренесени на лекување на Инфективната клиника и во ковид центарот во Козле.

Информацијата за тв 24 ја потврди и министерот за здравство Венко Филипче. Тој кажа дека оваа ЈЗУ нема да биде ставена под клуч, бидејќи лекарските тимови работеле во смени со што е избегната поголема опаснст од ширење на вирусот.

0 Коментари

Остави коментари