Коронавирусот мутира, починаа деветмина
Foto

Коронавирусот мутира, починаа деветмина

почнува многу побрзо да се шири, а тоа создава сериозни потешкотии епидемијата да се стави под контрола. Вкупниот борј на потврдени заразени пациенти е речиси 500 тини, а од почетокот на појавата на вирусот починаа девет луѓе. Според македонските здравствени власти нема простор за паника, но ќе бидат изготвени информативни материјални со цел превенција од коронавирустот.

Заменик директорот на Националната здравствена комисија на Кина, пак, Ли Бин, ја информираше светската јавност дека во нивната земја речиси 2200 лица кои биле во контакт со инфицирани, се ставени во карантин.

„Веќе имаше пренесување на вирусот од човек на човек, како и инфекција на медицински работници. Докажано е дека болеста се пренесува преку респираторниот тракт, но последните анализи покажуваат дека тој почнал да мутира.“0- изјаву : Ли Бин – заменик директор на Националната здравствена комисија на Кина.

Заразените со коронавирусот се од 13 кинески провинции. Најголем е бројот во градот Вухан, од каде избувна заболувањето, потоа во Пекинг, Шангај, Шензен, но регистрирани случаи има и надвор од Кина, односно во Јапонија, Јужна Кореја, два во Тајланд, Тајван и Австралија, по што Бин рече дека патувањата за време на празниците за Лунарната нова година се голем ризик за ширење на респираторната инфекција. Денеска за прв пат и САД потврдија случај на пациент кој е хоспитализиран во Сиетл со симптоми на вирусот, а американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на самитот во Давос, изјави дека САД имаат план за сузбивање на заболувањето.

„Поради прославата на Кинеската Нова Година, кога милиони луѓе патуваат, енормно се зголемува ризикот епидемијата да излезе од контрола. Ова треба сериозно да го сфатиме.“ - изјави Ли Бин – заменик директор на Националната здравствена комисија на Кина.

„Имаме план и мислиме дека ќе биде многу добро спроведен. Веќе го спроведуваме многу добро. Центарот за контрола на болестите е одличен. Многу е професионален.“ - изјкави : Доналд Трамп – претседател на САД.

Стручниот одбор за управување со итни случаи при Светската здравствена организација одржува состанок, за да процени дали поради епидемијата на коронавирусот во Кина да прогласи вонредна состојба на меѓународно ниво.

0 Коментари

Остави коментари