Корона кризата го погоди текстилниот сектор
Foto

Корона кризата го погоди текстилниот сектор

Брзо формирање на Влада за нов сет антикризни мерки бара бизнис секторот. Посебно на удар е текстилната индустрија.

Бројот на новозаразени во државата постојано оди нагоре, бизнисот со шиење заштина опрема и маски стагнира, а работодавачите велат дека сигурен клуч на врата им се заканува на голем број конфекции во октомври поради намалената побарувачка од нивните традиционални партнери. Се жалат дека сега се оставени сами да се справуваат кога голем дел од работниците се дома. Или се позитивни на корона вирус или се во изолација. 

Дека е можно да има отпуштања во текстилниот сектор потврдува и анализата на Кластерот за текстил, посебно ако пандемијата со овој интензитет продолжи до крајот на годината. Тоа и догодина би значело помала ликвидност, а повеќе изгубени работни места. Дел од штипските текстстилци уште во јули ја најавија можноста бројот на вработени во оваа гранка да се преполови.

Од бизнис секторот бараат Владата преку електронскиот систем за исплата на плати строго да  контролира дали парите стигнале до вработените и јавно да ги објавуваат сите што направиле злоупотреби. Но бараат и прецизни одредби за да нема манипулации. 

Поради корона вирусот во источниот регион од државата во различни периоди повремено беа затворени над 20 текстилни фабрики.

Најголемиот дел во Штип, а останатите во Свети Николе и Пробиштип. Поради алармантната ситуација во Штип дел од конфекциите од први Август се на колективен годишен одмор. Голем дел од нив со работа стартуваат од утре, во време кога најголемиот текстилен град во државата секојдневно бележи двоцифрени бројки на заразени со корона вирус.

0 Коментари

Остави коментари