Копа Америка 2019: ВАР ја спаси Венецуела од пораз против Бразил, Перу ја порази Боливија
Foto

Копа Америка 2019: ВАР ја спаси Венецуела од пораз против Бразил, Перу ја порази Боливија

Бразил и Венецуела одиграа без победник 0:0 во 2. коло од групната фаза на фудбалскиот Куп на Америка. Бразилците кои се домаќини на натпреварувањето и кои важеа за голем фаворит на овој дуел, постигнаа три погодоци, но сите беа поништени поради прекршување на правилата.

На десетина минути пред крајот на првото полувреме, Фирмино постигна, но беше поништен поради прекршок во моментот на приемот на топката.

„Кариоките“ ја погодија противничката мрежа двапати и во текот на второто полувреме преку Габриел Исус и Филип Кутињо, но двата гола по прегледување на видео – снимката не беа признати поради офсајд.

Во првиот синоќешен натпревар од оваа група Перу победи против Боливија со 3-1.

По две кола во А-групата водат Бразил и Перу со по 4 бода, Венецуела има 2, Боливија е без бодови. 

0 Коментари

Остави коментари