КООПЕРАНТИТЕ ОД СТРУМИЧКО АПЕЛИРААТ ДО ПРИЛЕПСКИОТ КОМБИНАТ ШТО ПОБРЗО ДА ИМ ГИ ЗЕМЕ ПРОИЗВЕДЕНИТЕ КОЛИЧИНИ ТУТУН
Foto

КООПЕРАНТИТЕ ОД СТРУМИЧКО АПЕЛИРААТ ДО ПРИЛЕПСКИОТ КОМБИНАТ ШТО ПОБРЗО ДА ИМ ГИ ЗЕМЕ ПРОИЗВЕДЕНИТЕ КОЛИЧИНИ ТУТУН

Тутунарите од струмичко кои имаа договори со компанијата Далија Табак, сеуште чекаат повик да ги предадат своите количини на тутунски комбинат Прилеп кој прифати да ги превзеде откако Далија не обезбеди пари и не го отпочна откупот ова сезона.  

Производителите реагираат и барат што поскоро да се почне со откупот бидејки немаат пари а тутунот им е основен извор егзистенција. Апелираат до прилепскиот кобинат што поскоро да го започне откупот.

Остануваме на договореното но мора да ги завршиме сите законски процедури за превземање на склучените договори од Далија за да можат тутунарите да ги добијат и субвенциите. Правиме напори да отвориме пункотви во струмичко ако не тутунарите ќе мора  призведените количини да ги предадат на 5 те ваги во радовишко.

- Почнуваме најдоцна до среда. Секој производител ќе добие известување на која дата и на кое место да го донесе вели Кире СТанквоски директорот на ТК Прилеп.

Во струмичко има околу 100 тина тутунари кои имаа договори со Далија Табак но извисија откако ова фирма не успеа да обезбеди пари за што протестирааа минатата недела. Станува збор за околу 400 тони договорен тутун кои во целост ќе бидат превземен од Прилеп.

0 Коментари

Остави коментари