Конзервативците на Џонсон со убедлива предност пред лабуристите
Foto

Конзервативците на Џонсон со убедлива предност пред лабуристите

Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон има сериозна предност од 16 отсто пред опозициската Лабуристичка партија во пресрет на утрешното гласање во парламентот за тоа дали ќе има вонредни избори...Според истражувањето на јавното мислење, поддршката за Конзервативната партија е порасната за три отсто во однос на претходната анкета и сега изнесува 40 отсто, додека лабуристите останаа на 24 отсто..Џонсон, кого членовите на неговата партија во јули го избраа да го одблокира застојот околу Брегзит, предложи оддржување вонредни општи избори на 12 декември , откако претходно не успеа на време во парламентот да постигне договор за излегување на Велика британија од ЕУ на 31 октомври.

0 Коментари

Остави коментари