Конференција „Образование за сите – јазик за сите во училиште“
Foto

Конференција „Образование за сите – јазик за сите во училиште“

Во организација на Здружението за унапредување на образованието, културата и спортот „Образование за сите“ од Скопје денеска ќе се одржи конференција „Образование за сите – јазик за сите во училиште“.

Конференцијата се организира во рамки на проектот „Заеднички јазик во училиште“ од акцијата КА201 на програмата Еразмус+, што нуди конкретни алатки за стручните лица во училиштата кои работат со ученици со потешкотии во развојот.

Проектот ја претставува Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ), создадена од страна на Светската здравствена организација како заеднички јазик за опишување на индивидуалната ситуација на детето во однос на учењето и овозможува холистички и трансдисциплинарен пристап кон проценката и процесите на планирање на третманот и поддршката, при што фокусот е ставен на способностите на детето.

Тема на конференцијата е практичната примена на МКФ во училишен контекст, така што пријавените учесници се членови на наставниот кадар и стручните служби на основните и средните училишта од земјава (редовни и посебни), социјални работници, логопеди, претставници на здруженија на родители на деца со попреченост, претставници на научни здруженија, Институтот за  дефектологија при УКИМ и други.

0 Коментари

Остави коментари