Концерт на Дуке Бојаџиев и мултимедијален проект на Драган Спасовски на програмата на „Охридско лето“
Foto

Концерт на Дуке Бојаџиев и мултимедијален проект на Драган Спасовски на програмата на „Охридско лето“

Програмата на „Охридско лето“ за денеска предвидува две содржини, и тоа како централен настан концертот на Дуке Бојаџиев на Долни Сарај, како и мултимедијалниот проект на охридскиот уметник Драган Спасески Охридски.

Дуке Бојаџиев е македонски композитор, пијанист и продуцент кој од 2001 година живее и работи во Њујорк. Тој има дипломирано на Медицинскиот факултет во Скопје, а потоа на музичкиот колеџ „Беркли“ во Бостон. Низ неговата интернационална кариера Дуке има работено со добитниците на Оскар, Џонатан Деми и Денис Тановиќ, како и со Рајко Грлиќ и Столе Попов. Неговата музика е користена за светски кампањи на брендови како: „Пежо“, „Ланком“ и „Лореал“, разни светски компилации како Буда Бар и Маракеш Експрес. Има работено со артисти како Синди Лопер и „Телепоп Мјузик“, а има настапувано во светски концертни сали меѓу кои: „Карнеги Хол“ во Њујорк, „Авалон театар“ во Лос Анџелес и на Античкиот театар во Охрид.

Бојаџиев вечер ќе настапи заедно со Исмаил Лумановски на кларинет, Мартин Ѓаконовски – контрабас, Костас Анастасиадис – тапани и Наташа Петровиќ – вокал и нарација.

Што се однесува на втората содржина за денешниот ден на „Охридско лето“, станува збор за мултимедијален проект „Спокоен сум ко врвот… Не прашувам зошто сум се извишил“ на уметникот Драган Спасески Охридски.

Спасовски ќе ги изнесе и презентира неговите најзначајни ликовни и поетски дела  во рамки надополнителната програма на  фестивалот „Охридско лето“, вечерва во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот.

0 Коментари

Остави коментари