Компанијата Мебел-Ви успешно освојува нови пазари
Foto

Компанијата Мебел-Ви успешно освојува нови пазари

Мебел-Ви како компанија постои од 1997 година, и веќе 22 година ужива најголема доверба кај потрошувачите во Македонија. 

Нашето семејство на задоволни купувачи и партнери, во земјата и странство, постојано се зголемува и расте благодарејќи на исполнувањето на поставената мисија да понудиме препознатлив квалитет со многу предности пред останатата понуда, функционалност кај нашите производи и исклучително купувачко искуство во своите големи продажни центри.

Со задоволство известуваме дека освен на Македонскиот пазар, Мебел-Ви во последните години значително го зголемува настапот и на странските пазари и веќе последните години бележиме огромен раст на извозот на неколку нови пазари.

Бројките од првите 5 месеци годинава покажуваат дупло зголемен извоз во однос на истиот период од ланската 2018 година. Анализата на извозните бројки покажува генерален раст на извозот во сите под-категории и од сите видови производи. Она што особено не охрабрува е зголемувањето на нашата партнерска мрежа низ Европа каде се достапни нашите производи. Според анализата, големиот раст на извозот на Мебел-Ви освен што се должи на освојувањето на нови пазари, се должи и на зголемувањето на обемот на работа во постојните земји каде извезуваме веќе подолг период.  

Гарнитурите и производите на брендот Мебел-Ви и премиум сегментот Mondivi, веќе се присутни и препознатливи и на пазарите во соседните Балканските земји како и во Австрија, Хрватска, Словенија и Романија, а во најава се и неколку нови договори за настап во уште неколку земји од Европската Унија. 

Една од новините со кои сме посебно горди е дека од 2018 година за прв пат сме директно присутни со наша понуда во Швајцарија каде на пазарот заеднички настапуваме со партнерска компанија со заеднички магацини, а веќе се планира како следен чекор и отворање на изложбен салон. 

Новина е и настапот во Унгарија каде сме присутни во неколку големопродажни ланци, и првичниот фидбек кој го добиваме од нашите купувачи и партнери таму е охрабрувачки. До крајот на годината очекуваме влез и во неколку други меѓународни продажни ланци кои се присутни на унгарскиот пазар.

Во претходните години Мебел-Ви работеше напорно на зголемување на производниот капацитет, инвестиравме многу во софистицирана технологија за секој дел од процесот на производство на мебел и обезбедивме пристап до најдобрите добавувачи на суровини кај нас и во светот. Сето ова ни овозможи да се фокусираме на создавање на исклучителна понуда со строго контролиран квалитет со која, освен на нашиот пазар, станавме конкурентни и на Европскиот пазар на мебел.

Постојаното усовршување и едуцирање на тимот кој брои повеќе од 180 висококвалификувани вработени ни дава уште една сериозна предност и не прави посебно горди на ова наше Мебел-Ви семејство.

Foto

0 Коментари

Остави коментари