Комората за туризам бара инспекциите да го расчистат скандалот со туристичката агенција „Орфеј“
Foto

Комората за туризам бара инспекциите да го расчистат скандалот со туристичката агенција „Орфеј“

Скандалот со туристичката агенција „ Орфеј“ и понатаму ја бранува јавноста откако 12те македонски државјани обелодениа дека биле измамени од агенцијата за која им исплатиле по околу 600 евра за велигденски аранжман во Кападокија. За овој случај со реакција денеска се јави и Стопанската Комора за туризам од каде велат дека ова не е прв пат за оваа туристичка агеција да добијат поплаки од граѓани а за што ги известиле инспекциските служби да преземат соодветни мерки. Од Комората појаснуваат дека, бидејќи агенцијата „ Орфеј “ не е нивна членка побарале од Државниот пазарен инспекторат да постапат за детектираните нерегуларности од работењето на агенцијата „Орфеј“.

И покрај тоа што не се членки на комората со таквите пропусти кои ги имаат при нивното однесување кон патниците и целокупната изведба на туристичките услуги нанесуваат директно штета на угледот и работата на останатите туристички агенции кои ги почитуваат сите правила и прописи. Таква беше ситуацијата со т.а. Орфеј за чие работење комората во неколку наврати по доставени барање за неправилности од патници за посочената агеницја ги извести Инспекциските служби да превземаат соодветни мерки за спречување на ваквите појави.Каква мерка била превземена кон нив и слични на нив тоа е во надлежност на ДПИ“. - велат од Стопанската Комора за туризам.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски за ТВ24 вели дека за само една година откако е директорор добил 10-тина претставки од граѓани за работата на агенцијата „Орфеј“. Пауновски појаснува дека веќе било разговарано со министерот Крешник Бектеши за одземање на лиценцата доколку се испостави точно тврдењето на 12-те македонски државјани.

Откако ќе биде доставена претставката од страна на 12те македонски државјани, инспектори ќе бидат испратени во агенцијата „ Орфеј“. Доколку се констатира тврдењето на туристите дека агенцијата постапила така, како и тоа дека побарале да стапат во контакт со претставниците на агенцијата и не им било одговорено, тогаш се јавува сомнеж дека можеби е дека истото е вистина. Согласно записникот и наодот кој ќе биде изготвен за постапувањето, односно непостапувањето на агенцијата „ Орфеј“, ќе покренеме и постапка за одземање на лиценцата – а која лиценца ја одзема Министерството за економија“. - вели директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Вчера 12-те македонски државјани за ТВ24 изјавија дека ќе поднесат претставка до државен пазарен инспекторат откако ќе се вратат во земјава.

Министерот за економија Крешник Бектеши, претходно за ТВ 24 изјави дека доколку Државниот пазарен инспекторат утврди дека туристичката Агенција „ Орфеј“ измамила 12 македонски турист и ги оставила на улица во Кападокија веднаш ќе формира Комисија и ќе ја одземе лиценцата на агенцијата „Орфеј“.

0 Коментари

Остави коментари