Комитетот за одобрување на инвестиции на крајот на јануари ќе одлучува кои фирми ќе добијат грантови
Foto

Комитетот за одобрување на инвестиции на крајот на јануари ќе одлучува кои фирми ќе добијат грантови

Дали и која од фирмите ќе ги добијат спорните грантови тешки 770.000 евра ќе одлучи комитетот за одобрување на инвестиции на крајот на јануари. Фирмите поврзани со Цветанка Ласкова и Јован Донев може да извисат кај фондот. Компанијата „Декодикс“ поврзана со снаата на Ласкова, има најмали шанси да ги добие средствата од грантот за иновации. Компанијата добила оцена дека е на граница на висок ризик од влијанието на советничката на премиерот. Мали шанси има и фирмата на сопругата на поранешниот амбасадор Јован Донев. Додека другите две фирми „Т-сенс“ блиска до сопругата на актуелниот министер за култура, Асаф Адеми и „Микросам“ поврзана со поранешниот министер Веле Самак, се со понизок ризик од судир на интереси. 

0 Коментари

Остави коментари