Комисијата за заразни болести предлага продолжување на вонредната состојба
Foto

Комисијата за заразни болести предлага продолжување на вонредната состојба

Комисијата за заразни болести утре на Советот за безбедност кај шефот на државата Пендаровски ќе побара да биде прогласена нова вонредна состојба. Одлуката ја соопшти денеска министерот за здавство Венко Филипче откако и денеска бројката на новозаразени од Ковид 19 се искачи на 52 нови случаи.

Со новозаболените случаи но и оние во изминатите денови се чини паѓа во вода обидот на партиите за договор за евентуално организирање на предвремени парламентарни избори во првата половина на јули . Иако вчера партиите беа со поомекнати ставови повикувајќи се на каналите на комуникација од кои сепак не протече конкретен датум од ВМРО ДПМНЕ денеска со став дека по последните бројки - морбидно е да се говори за брзи избори . СДСМ пак и натаму смета дека треба да се искористи првиот можен термин за нивно организирање но велат ќе ги почитуваат одлуките на надлежните институции.

Од ДУИ пак иако до вчера беа оптимисти дека 5 ти јули е датумот до кој партиите се најблиску да постигнат компромис за изборите денеска велат се загрижени поради новонастанатата ситуација и велат ќе треба да се направат дополнителни анализи поради текот на ситуацијата . Без да го споемнувата 5 јули како опција за избори.

„Централниот Изборен Штаб на ДУИ, во согласност со новите околности и предвидувања за следните недели, ќе реализира интензивни консултации со институциите и експертите и своите проценки и одлуки ќе ги превземе во согласност со препораките на експертите кои не смеат да бидат под политичко влијание, туку треба да се однесуваат одговорно кон јавното здравје“.

За сега останува и натаму прашањето дали и кога би се организирале изборите , но и дали во ваква ситуација , воопшто може да се планираат брзи избори. Останува и неизвесно и дали владејачката СДСМ е спремна и сама да ги трча доколку не се постигне компромис со ВМРО ДПМНЕ. Утре заседава Советот за безбедност а доколку Пендаровски прогласи нова вонредна состојба таа ќе биде 4 та по ред во земјава откако почна пандемијата со Корона вирусот.

0 Коментари

Остави коментари