Комисијата за учебниците со забелешка за содржините во грчките учебници за граѓанската војна во Грција
Foto

Комисијата за учебниците со забелешка за содржините во грчките учебници за граѓанската војна во Грција

Постои приближување на позициите на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти меѓу нашата земја и Грција во делот на стратегијата за надминување на разликите околу учебниците. Ова е заклучокот кои произлезе од последната средба на работните групи која се одржа на 22 и 23 овој месец информираше денеска амбасадорот и копретседател на македонскиот дел на комитетот Виктор Габер. На брифингот со новинарите од комитетот појаснуваат дека содржината на учебниците во двете земји ќе се прави според стандардите на Советот на ЕУ и Унеско а досега разгледувани биле учебниците по историја и географија за основно училиште, а исто така се разгледувале и учебниците за етика и социологија. Целта е како што појаснуваат од комитетот да се испеглаат деловите од учебниците кои содржат иредентизам и за двете страни.

Стандардите според кои ќе се пеглаат учебниците дозволуваат во нив да бидат вметнати и повеќе гледишта по однос на некои историски личности или каков третман имаат тие и во домашните, но и грчките учебници како на пример Григор Прличев, а исто така подетално ќе се разгледува и присуството на Граѓанската војна во грчките учебници. Од комитетот велат дека сепак мора да се води сметка онаму каде што се затвараат прашањата со Грција да не се отворат нови прашања со останатите соседи.

Неофицијално брифираат оти до сега нашата работна група има забелешки на околу 20 тина детализирани страници во грчките учебници. Следната средба е закажана за на 12 и 13 ти април во Атина, а тогаш се очекува и да се расправа за Античката историја, средниот век и 19 ти век. За топонимите пак се уште не се откриваат детали. Од домашната експертска група појаснуваат дека се свесни дека не може учебниците во двете држави да имаат иста содржина , велат нма да има ниту исфрлање на темите само корекција на местата во кои експертските групи оценуваат дека постои иредентизам.

0 Коментари

Остави коментари