Комисијата за стручен надзор работи на случајот за смртта на беровчанката на штипското инфективно одделение
Foto

Комисијата за стручен надзор работи на случајот за смртта на беровчанката на штипското инфективно одделение

Се уште нема одговор од надлежните институции дали имало пропусти во лекувањето на 41 годишната беровчанка Довичинска што пред 15 дена почина на штипско инфективно.

Официјално стручниот надзор што го побара ДСЗИ преку Министерството за здравство се уште трае иако инспекторите со увидот завршија за 48 часа. 

Од Лекарската комора за ТВ 24 пред неколку дена потврдија дека комисијата работи, но рекоа дека е потребно време нејзините членови квалитетно да си ја завршат работата. Резултатите треба да  ги објави Министерството за здравство, кога извештајот ќе биде готов. Паралелено со случајот во Штип во тек се уште 9 стручни надзори, сите за помлади пациенти починати по комликации од Ковид во неколку здравствени установи во државата. Од почетокот на кризата ДСЗИ иницирале надзор во 21 случај, поврзани со Ковид пациенти . 

„За колку време ќе го заврши Комисијата, составена од лекари од Лекарската комора, случајот со пациентот што почина во штипската Клиничка болница според законот не е утврдено, но откако ќе го направи извештајот, во тој случај во рок од осум дена треба да го извести Министерот за здравство, рекоа од Министерството за здравство.“

За случајот на беровчанката Руменка Довичинска јавноста дозна, а инспекторите  влегоа на штипско инфективно откако нејзината ќерка со фејсбук статус обвинии дека последните часови нејзината мајка ги поминала во борба за воздух. Таа објави дека  ноќта пред да почине за неколку минути ѕвонела десетпати на бројот мемориран за контакт со медицинскиот персонал, а пратила и две пораки од кои последната е „Боца кислород треба горе во четворката“.

По завршувањето на увидот штипско инфективно доби уште две нови телефонски линии, а веќе се направени и организациски промени на одделението.

0 Коментари

Остави коментари