Комисиите ќе ги преразгледуваат одбиените апликации од програмата за култура
Foto

Комисиите ќе ги преразгледуваат одбиените апликации од програмата за култура

Комисиите во Министерствот за култура ги отворија одбиените апликации од ггодишната програма за култура за кои од ресорот се правдаа дека најчесто се работи за некомплетната документација. Но дали наидоа на првиот пропиуст? Писателот Наум Попески бил одбиен поради некомплетна документација, но по денешниот увид тврди дека било утврдено спротивното.

„Добив покана од меѓународниот фестивал на литературата за деца „Детско царство“ од Бања Лука и со таа покана и другите документи потребни на конкурсот аплицирав во министерството за матрјални сретства за да учествувавм на оваа манифестација на која учествуваат писатели од регионот. Бев известен дека сум одбен зошто немам доставено покана од организторот, дојдов да видам зошто знам дека доставив и го отворија и видоа дека поканата е внатре.“ - изјави Наум Попески – писател за деца.

Ресорниот министер за култура, Асаф Адеми за тв 24 уверуваше дека доколку било направено пропуст во распределбата на парите тој ќе понесе политичка одговорност како и членовите на комисиите кои ги разгледувале апликациите.

„Ќе бидат анализирани сите апликации, доколку имало субјективност во одбиена апликација, ќе сносам политичка одговорност, значи оставка.“ - изјави Асаф Адеми – министер за култура.

Ревизијата на одбиените апликации од конкурсот на Министерството за култура треба да покаже дали има направено пропусти. На објавените Годишни конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година пристигнаа 5.560 пријави, а комисиите предложија поддршка за 2.781 проект.

0 Коментари

Остави коментари