Комеморацијата во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов
Foto

Комеморацијата во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов

Со звуците на неговата рапсодија за Скопје, почна комеморацијата во чест на диригентот и композитор Александар Џамбазов, кој почина на 25 јануари, на 85-годишна возраст.

Од него се збогуваа за последен пат многу музички творци, композитори и личности од јавниот живот како и членовите на неговото семејство.

„Прво викаше што сум јас, цел живот бев зет на Петре, па маж на Анче, па татко на Тања и Игор – што сум јас. Сега ќе ти кажам - ти си маестро, маестро мој“ - со овие зборови од својот татко и маестро се прости неговиот син Игор Џамбазов.

0 Коментари

Остави коментари