Колоски за тв 24: Не знам што се очекува да се придонесе со попишување на дијаспората
Foto

Колоски за тв 24: Не знам што се очекува да се придонесе со попишување на дијаспората

Мето Колоски од Обединета македонска дијаспора - САД во емисијата 24 анализа рече дека искуството како граѓани во Америка, Канада или Австралија нема практика да се попишуваат освен ако не се членови на армијата.

„Оваа практика ни е нова и нејасна. Попис на популација е во самата државата. Има друг начин за пребројување на дијаспората. Не знам што се очекува да се придонесе со попишување на дијаспората. Во странство пописиите се подготвуваат пет, десет години однапред.“ - вело Колоски.

Колоски вели дека бил дел од пописот во Америка и потенцираше дека таму има 10 кратки прашања и едно за расата и едно за наследство, како човек. Во Австралија и Канада има поопширни прашања. На официјалниот попис нема прашања за етникум и религија.

0 Коментари

Остави коментари