Кој води сметка за функционерите со кривични дела кои се прераспределени од едно на друго работно место
Foto

Кој води сметка за функционерите со кривични дела кои се прераспределени од едно на друго работно место

Извршувањето на високи раководни функции во безбедносни органи во време кога против нив се водат судски постапки е уште еден аргумент на недоверба во институциите, смета поранешниот антикорупционер Ариф Муса.

По објавата на ТВ24 дека пораншениот началник на СВР Штип, Љупчо Трајковски кој е обвинет во афера за шверц со мигранти, а во меѓувреме стана полициски советник во БЈБ, Ариф смета дека има повеќе од етичка димензија. Но, прашањето кое се наметнува не е само упатено до МВР, туку и до обвинителството кое има задача да ги бара мерките за обвинетите.

- Другите органи, посебно обвинителството или МВР, ако има некоја постапка или ако веќе одлучиле да го деградираат или против него има судски процес, значи има овде нешто не е едонставно дека му се става на товар за нешто што не го напраивл, апсолутно човекот треба да биде отстранет од такво работно место штом има и било какви индикации за кривично дело дека направил. 

За Трајковски обвинителката Гордана Смаќоска не побарала притвор поради влошена здравствена состојба. Одредена му е алтернативна мерка за одземен пасош. Законот за кривична постапка предвидува неколку вида мерки на претпазливост меѓу кои и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Вакви мерки беа побарани од СЈО во случајот Тортура, за полициските алфи кои го апселе Љубе Бошкоски. Во 2017-та година СЈО побара, а судот му изрече Забрана за преземање определни работни активности кои се поврзани со кривичното дело на Василие Авировиќ во случајот Труст.

Некогашниот прв човек на полицијата во Штип Трајковски е вработен во БЈБ под чија надлежност се шест сектори меѓу кои и секторот за гранични работи и миграции. По отворање на истрагата Чичек, за него се водела и внатрешна постапка во МВР и бил времено суспендиран и казнет од плата. Од МВР за ТВ24 одговорија дека неговото прераспределување во БЈБ е деградирање, а не унапредување, бидејќи имал помала плата со помалку бодови.

Трајковски е обвинет дека издавал полициски информации за патроли на шверцери со мигранти и за тоа по возило наплаќал по 200 евра. За неговото ново работно место во БЈБ коментар не добивме од негвиот шеф, Сашо Тасевски, а беше најавен и став од Трајковски. Тој е прераспределен во БЈБ пред техничката влада, на 20 декември. Процесот против него и уште 19 лица и почна на 10 декамври и го води судијката Добрила Кацарска.

0 Коментари

Остави коментари