Kој си поигрува со судбината на илјадници семејства што живеат од трговија на зелените пазари?
Foto

Kој си поигрува со судбината на илјадници семејства што живеат од трговија на зелените пазари?

Дали пазарите ќе останат со празни тезги – револтот на пазарџиите ескалираше. Новиот закон што требаше да воведе ред – направи хаос. Kој си поигрува со судбината на илјадници семејства што живеат од трговија на зелените пазари? Нови давачки, трошоци за лиценци - кој ќе профитира, а кој ќе биде губитник со законот за трговија на зелени пазари.

Во вечерашното издание на Тренд анализа соочување на спротиставените. Крешник Бектеши министер за економија, Екрем Долек Комора на трговци, Љупчо Лазевски потпретседател на групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија и закупци на тезга на зелените пазари.

0 Коментари

Остави коментари