Кој се ќе седне во директорските фотељи?
Foto

Кој се ќе седне во директорските фотељи?

Директорскиот колач наголемо се дели – дел од директорските позиции со акутелните директори, дел пак со нови решенија, дел со рокади.

Според инфомациите на ТВ 24 од партиски извори во СДСМ Васко Ковачевски останува главен во ЕСМ, Сања Лукаревска во УЈП, Никола Бабовски во платежна агенција, Томисилав Тунтев во АЦВ, додека пак според информациите за ДУИ треба да биде резервирано претседателското место во управниот одбор на МНАВ.

Во поделбата според информациите на ТВ 24 ќе има рокади на дел од актуелните функционери. Така според висок партиски функционер од СДСМ, Јован Деспотовски ќе се пресели во слободните економски зони, кои пак ќе се спојат со агенцијата за инвестиции, во фотелјата на Деспотовски во Фондот за иновации планот е да седне партискиот потпретседател Коста Петров. 

Тв 24 веќе објави дека со царина ќе директорува екс министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, а дека пратеникот и партиски потпретседател Мухамед Зекири во свои раце ќе го земе фондот за здравство,ккако и дек аекс пратеникот Хари Локвенец оди во Телеком.

Како спортско изненадување во директорската во фотелја во Агенцијата за млади и спорт, според информациите ќе седне ракометарот Наумче Мојсовски, додека еск директорот Дарко Каевски ќе остане во Собрание. Според планираното се очкува спојување на Пошти и на агенција за пошти, а таму се очекува директор да стане актуелниот заменик Ненад Јосевски.

Да се пресече се чека за фондот за пензиско осигурување и за Македонија пат, делка пак во железници инфраструкртура се споменува досегашниот прв човек на државни патишта Зоарн Китанов.

Пратенички трансфер според висок партиски функционер, ќе направи и Дамјан Манчевски, кој е планирано да седне во фотелјата на Драги Рашковски во Влада, како генерачен секреатр, додека пак Рашковски ќе замине во советничкиот тим на премиерот Зоран Заев, ДУИ повоздржани за своите директори.

Според неофицјалните информации, Ејуп Ристеми се сели во МЕПСО, иако за таа позиција се споемнува и екс минситерот за правда Билен Салиу, кој што е актуелен заменик, во АЕК, се очекува да седне Фестим Халили, поранешен вицепремиер за рамковен договор и актуелен директор во железници инфраструктура. Од поголемите комапнии Дуи ќе раководи и со државни патишта, како и со претпријатиео за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, но не се откриваат фаворитите на Ахмети. 

Офицјално од Владата за тв 24 велат дека прпоцесое е во финиш 

„Сакаме да Ве информираме дека во тек се финалните консултации за избор на персоналните решенија за местата од третиот ешалон. Исто така, истакнуваме дека процесот се води мошне внимателно и штом заврши процесот на разговори и консултации веднаш ќе ја информираме јавноста.“

Вториот ешалон помлаку посакуван од третиот. Како што објави вчера тв 24, заменичките места во земјоделство, администарција и финансии останува во СДСМ, освен за финансии, другите беа прецизирани.

Локална самоуправа кај ДС, животна средина во ДОМ, МТСП во Демокартската турска партија, во образование и култура седнувата луќе на Беса, додека заменици ДУИ ќе има во МВР, одбрана, транспорт и врски, здарвство и правда. Во пакет со замениците доаѓаат и државните секретари.

0 Коментари

Остави коментари