Кој ќе се спаси со новиот закон за дивоградби?

Кој се ќе куртули од кривични со Законот за легализација на дивоградбите ?  . Антикорупциска размислува за иницијатива пред Уставен.

Ќe ja отвори ли Законот за легализација на дивоградбите пандорината кутија и кој се ќе добие бенефит од тоа откако вчера најголемите партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ заеднички во собранието со исклучок на 5 мина пратеници го гласаа ова законско решение . Со овој закон практично е опфатена легализација на сите дивоградби  изградени до денот на неговото стапување во сила, наместо, како што беше предвидено во првичниот владин предлог, до 1.10.2019 година.

Членот 41 од Законот пак предвидува и стопирање на сите кривични дела кои се водат против граѓанските постапки на овие претходно безправно изградени објекти.

Од Антикорупциска пак само кратко велат дека размислуваат и тие дали да поднесат иницијатива до Уставниот суд против ова законско решение бидејќи како што велат ова ќе ги отвори низа  прашањата и за другите закони. 

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври 2019 година поднесе обвинение против 11 лица, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Карпош Стефче  Јакимовски за злоупотреба на службената положба и бесправно градење. 

Меѓу пратениците кои не дадоа поддршка на законот беше и професорката Гордана Силјановска Давкова од редовите на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ која вчера од собраниската говорница ги образложи причините поради овој став.  

Поддршка не дадоа ниту пратениците на Левица кои во дописот до ТВ 24 велат:

„Со заедничко изгласување на овој закон од страна на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се запираат кривичните постапки против лицата Драган Павловиќ Латас, Стевчо Јакимовски, градителот на срушениот објект кај Мавровка , и градителот на дивоградбата кај Американската амбасада за која беше објавен и прислушуван разговорот меѓу Никола Груевски и Али Ахмети . Од ова може да се заклучи дека се работи за уште една нова договорена амнестија помеѓу власта и опозиционата ВМРО ДПМНЕ повторно на штета на граѓаните“.

Законот не го гласаа ниоту ДОМ и Демократскиот Сојуз кој пак денеска побараа шефот на државата Пендаровски да не го потпишува  . Од кабинетот на Пендаровски пак само кратко информираа дека најпрвин ќе го разгледаат пред да одлучат дали ќе го потпишаат неговиот указ.