КОИ СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ПРИЧИНИ ЗА СООБРАЌАЈНИТЕ НЕСРЕЌИ ВО КОИ УЧЕСТВУВААТ АВТОБУСИ?
Foto

КОИ СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ПРИЧИНИ ЗА СООБРАЌАЈНИТЕ НЕСРЕЌИ ВО КОИ УЧЕСТВУВААТ АВТОБУСИ?

За само 18 месеци, се случија дури четири несреќи во кои учествуваа македонски автобуси.. Во нив загина 21 патник, а близу сто беа повредени.. Во несреќата на автопатот Велес – Скопје, кај месноста Кула, во август 2017 тата се преврте скопски автобус кој превезуваше патници од одмор во Грција.. Загинаа двајца.. Причината е се уште непозната.. Три месеци подоцна, во близина на Демир Хисар, автобус на Транскоп полн со ученици се судри со комби.. За среќа, жртви немаше, но десетина беа повредени.. Дел од патниците тврдеа дека автобусот бил претоварен со луѓе.. Пред два месеци пет македонски државјани загинаа, кога автобус на струшки превозник се преврте кај Лесковац.. Официјално – причините се се уште непознати.. Неофицијално – возачот не ја прилагодил брзината на снежните услови.. Последната и најтешка несреќа се случи вчера, во која 14 луѓе загинаа.. Ова го отвора прашањето за безбедноста на македонските автобуси.. Лесното издавање лекарски уверенија и сообраќајни дозволи, нерегулраниот статус на возачите, неисправните автобуси, но и патиштата по кои возат, се можните причини за ваквите несреќи, тврди за телевизија 24 поранешен туристички работник и долгогодишен возач на автобус, кој не сакаше да го открие својот идентитет пред камерите.. Тој вели дека по закон, секој автобус кој има лиценца за превоз на патници, мора да има и вработен возач..

На секои пет часа возење, возачот мора да направи пауза од 45 минути, а по следната тура возење, паузата е осум часа.. Прашањето е што прават возачите во тој период, вели нашиот соговорник..

Нашиот соговорник вели дека постојат многу неправилности и при увозот на стари автобуси, со сомнителна техничка исправност.. Вчерашната автобуска несреќа го отвора и прашањето за безбедноста на патиштата..

Сето ова укажува на недоволната грижа на државата за безбедноста на возилата кои превезуваат патници.. Решението е во измена и доследното почитување на законите, но и почести контроли, за да се избегнат трагедии како онаа што се случи вчера, на автопатот Скопје – Тетово..

0 Коментари

Остави коментари