Кои се кандидатите кои се номинираа на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ?
Foto

Кои се кандидатите кои се номинираа на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ?

Од десет поднесени кандидатури, девет кандидати се во трката за шеф на државата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за кои ќе треба да се изјаснат делегатите во Струга. Единствена дама во трката е Универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова која изминатиот период важеше за критичар на политиките на актуелната влада. Силјановска Давкова е професор на Правниот факултет на катедрата за уставно право и политички систем и важи за еден од фаворитите на опозициската партија.

Меѓу имињата кои исто така се спомнуваат како фаворити и во неколку наврати во своите изјави потенцираше дека ја очекува поддршката од делегатите во Струга е и актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев. Ѓорчев е член на партијата од 1996 година . Кариеата во партијата ја почнува како член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во 1997 година а прв пат за пратеник е избран во 2006та. Тој е дипломиран политиколог.

Филип Петровски дипломирал на филозофскиот факултет а магистерските студии по меѓународно право ги завршил 2006 та. Во 2010 та станува доктор на политички науки на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања. Како претседателски кандидат доаѓа на иницијатива на Централниот комитет на Единствена Македонија.

Во трката е и Поранешниот претседател на ЗЕЛС, но и поранешен градоначалник на Виница во два мандати Горан Ангелов. Познат е и како прв човек односно директор на депонијата Дрисла. По професија е правник.

Никита Шекутковски дипломирал и магистрирал во Скопје на Природно математичкиот факултет, а докторирал во Загреб. Бил доцент, вонреден па редовен професор а подоцна и Раководител на Институтот за математика на ПМФ. Познат е и како главен и одговорен уредник на Годишен зборник на Институтот за математика и на списанието Нумерус.

Меѓу универзитетските професори кандидати се и имињата на Сашо Кутлешовски д-р по земјоделски науки и Илија Димовски професор во пензија на Шумарски факултет при УКИМ, а во трка е и Васко Костов фармацевтски техничар.

Во пријавените на огласот за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ е и името на Ѓорги Манасков, електромашински инжинер. Сопственик на компанија во областа на енергетиката и член на Сојузот на Стопански комори на Македонија. Неговиот став кој и јавно го изнесе беше оти претседателот на земјава треба да биде непартиски човек.

Десетата кандидатура беше стигната по завршивањето на огласот и кандидатот не влезе во потерсниот круг.

0 Коментари

Остави коментари