Коалициска кавга за законот за јазици?
Foto

Коалициска кавга за законот за јазици?

Коалициските партнери СДСМ и ДУИ различно го толкуваат мислењето на Венецијанската комисија. Вицепремиерот Бујар Османи контра премиерот Заев – Венецијанската комисија, вели не е супермаркет, законот за јазици според него не треба да се чепка. Наместо ревизија на законот, вели сите забелешки на меѓународното експертско тело да се имплементираат во акциски планови и во создавање капацитети.

Според Османи законот е добар и не треба многу да се менува освен во дел од членот 8 што се однесува на двојазичност на парите и униформите на војската за кој вели дека Венецијанската комисија позитивно се изјаснила. Вели секое еднострано поместување на балансот во македонско – албанските односи кои се постигнати со многу труд ќе отвори спирала која ќе не помести од патот по кој што сме тргнати.

Премиерот Заев ги прифаќа сугестиите за ревидирање на законот во делот на судството и на казнените одредби. Опозициските партии бараат власта да го почитува мислењето на комисијата. Најголемата опозициска партија и денеска го повтори својот став. 

Од БЕСА пак вчера не се согласија со европските експерти дека албанците во Македонија се малцинство – и побараа албанските партии со заеднички сили да стават крај на проблемот со албанскиот јазик. Сметаат дека  албанскиот јазик со Устав треба да биде службен јазик.

0 Коментари

Остави коментари