Коалицијата „За подобра Македонија станува „Коалиција за обнова“
Foto

Коалицијата „За подобра Македонија станува „Коалиција за обнова“

Политичари кои вчера му дадоа поддршка на премиерот Заев  тајно преговараат и неговиот најголем политички ривал. Христијан Мицкоски не открива со кого од коалиционерите на Заев е во комуникација.

Разговарале и со албански партии. Но, засега не се откриваат комбинаториките, кој  освен веќе потврдените ќе застане под чадорот на новата коалиција „Обнова за Македонија“, под водство токму на Мицкоски. 

Сегашните лидери на помали партии немале забелешки за терминот кога ќе се одржат изборите. Исто како и Заев и Мицкоски се повикува на анкети во кои опозицијата е во предност со гласачи засега. Премиерот вчера се пофали дека со 3 проценти е во предност пред неговиот ривал. 

„Предноста на ВМРО-ДПМНЕ е поголема од тоа што вели Заев. Наш предизвик ќе биде таа предност да биде многу погиолема за стабилна влада што ќе превенира каков било постизборен инженеринг.“  изјави Мицкоски.

Со коалициските партнери во патриското седиште на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе се договара кој ќе го води МВР и министерството за труд и социјална политка за време на техничката влада. Веќе се шпекулира дека „технички“ наследник на Заев од 3-ти јануари ќе биде Оливер Спасовски.

0 Коментари

Остави коментари