Клиперс намалиja против Голден стејт, Хјустон оди во четвртфиналето на НБА-плејофот
Foto

Клиперс намалиja против Голден стејт, Хјустон оди во четвртфиналето на НБА-плејофот

Екипата на Хјустон рокетс е шестиот учесник во четвртфиналната фаза од разигрувањето за титулата во НБА-лигата. Пласман меѓу осумте најдобри рано утрово пропушти да избори актуелниот шампион Голден стејт. Ова е епилогот по двата натпревара одиграни ноќта среда кон четврток.

Постигнати резултати:

Хјустон – Јута 100:93 (4-1 во победи)

Голден стејт – Лос Анџелес клиперс 121:129 (3-2 во серијата прв до четири победи).

Досега место во четвртфиналето обезбедија: Милвоки, Бостон, Филаделфија, Торонто, Хјустон и Портланд.

Седмиот учесник ќе го даде двојката Голден стејт – Клиперс, додека осмиот ќе се бара од пресметката меѓу Денвер и Сан Антонио (3-2 за Денвер во моментов). 

0 Коментари

Остави коментари