Клиперс на крилата на Ленард триумфираше над Шарлот
Foto

Клиперс на крилата на Ленард триумфираше над Шарлот

Предводени од Каваи Ленард, кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс го совладаа Шарлот хорнетс во еден од 11-те натпревари од НБА лигата одиграни ноќта меѓу понеделник и вторник.

Ленард уште еднаш покажа дека е огромно засилување за Клиперси оваа сезона. Тој мечот го заврши со 30 поени, седум скокови и шест асистенции.

Резултати НБА: Детроит – Индијана 96:94, Њујорк – Чикаго 105:98, Атланта – Филаделфија 103:105, Торонто – Орландо 104:95, Хјустон – Оклахома 116:112, Милвоки – Кливленд 129:112, Њу Орлеанс – Голден Стејт 123:134, Сан Антонио – Портланд 113:110, Феникс – Јута 95:96, Сакраменто – Денвер 94:101, ЛА Kлиперс – Шарлот 111:96.

По почетните кола без пораз, со по три победи досега се Минесота, Денвер, Сан Антонио и Филаделфија.

0 Коментари

Остави коментари