Климоска за тв 24: Признанијата ме мотивираат да продолжам уште подобро понатаму
Foto

Климоска за тв 24: Признанијата ме мотивираат да продолжам уште подобро понатаму

Сара Климоска, една од ѕвездите на последниот филм на Милчо Манчевски „Врба“, е прогласена за Европска ѕвезда во подем и наградата ќе ја добие летово во Берлин.

Таа се најде меѓу 10-те најдобри актерски таленти во Европа и е добитник на наградата „Шутинг старс“ (Shooting Stars), што ја доделува платформата Европска филмска промоција (ЕФП). Нивното претставување е закажано од 23 до 25 февруари, една недела пред почетокот на 71. Берлински филмски фестивал. Свеченоста на доделувањето на наградите ќе се одржи налето, кога ќе се доделат и наградите од Берлинале.

Во Студио 10 таа истакна дека за неа ова е голема чест со оглед дека и доби и одлични критки за нејзината улога во филмот „Врба“, нашиот кандидат за Оскар годинава.

„Ова признание е многу ретко, оваа награда ја добиле и неколку награди пред мене, а годинава бидејќи имаше различни критериуми на European film promotion, јас сум номинирана за филмот „Лена и Владимир“, дебитантски филм на режисерот Игор Алексов.“ - вели Климоска.

„Шутинг старс“ е најстарата и најпрестижна иницијатива за промоција на европски таленти на меѓународниот филмски пазар. Од Македонија, оваа награда досега ја добија Лабина Митевска во 2009, Наташа Петровиќ во 2011 и Благој Веселинов во 2019.

„Годинава иако беше време на пандемија, јас работев на уште два нови филма, кај нас и во Србија. Се надевам дека овие филмови ќе имаат премиера наредната година. Признанијата ме мотивираат да продолжам уште подобро понатаму.“ - вели Климоска.

0 Коментари

Остави коментари