Ќучук: Во С. Македонија се водат две кампањи – за продолжување кон ЕУ или за враќање на земјата каде што беше пред 3 години
Foto

Ќучук: Во С. Македонија се водат две кампањи – за продолжување кон ЕУ или за враќање на земјата каде што беше пред 3 години

Во предизборието во Северна Македонија се одвиваат две концепциски  различни кампањи – за враќање на земјата каде што беше пред три години или да продолжи по патот кон Европската унија. Ова е оценката на бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

Тој во изјава за бугарското радио „Фокус“ вели дека постои тешка и комплексна дебата за суштинските вредности и за тоа каде македонските политичари сакаат да ја видат својата земја.

– Некои се залагаат за тоа земјата да се врати таму каде што беше пред три години, а други ја поддржуваат идејата дека треба да продолжи да се развива на патот кон НАТО и ЕУ. Постојат и некои други идеи, кои доаѓаат главно од партии кои имаат за цел да привлечат гласачи од албанското малцинство, вели Ќучук.

Според него, нема посебни ризици за изборната кампања во Република Северна Македонија, нема бојкот, сите политички сили ги повикуваат граѓаните да гласаат на 15 јули.

Ќучук посочува и дека постои дебата меѓу младите за иднината на земјата во ЕУ, слично како што беше и во Бугарија пред нејзиното зачленување во Унијата пред неколку години.

0 Коментари

Остави коментари