Ќе се врати ли некогаш животот каков што беше пред епидемијата?
Foto

Ќе се врати ли некогаш животот каков што беше пред епидемијата?

Страв, стигма, вознемиреност - зад болничките врати, изолирани од семејството и најблиските. Кои се психолошките предизвици на пациентите со ковид во битката против вирусот. Изолацијата, карантините, затворањето во домовите, тешко ги поднесуваат поголемиот дел од граѓаните - во аптеките зголемена е побарувачката на антидепресиви. Сите некако стануваат се повеќе асоцијални а човекот е социјално битие има потреба да општи да гушне некого да прегрне емоциите се тие што го одржуваат. Психолошкиот притисок е најголем кај здравствените работници - во скафандери, со тешко болни, секој ден веќе десетти месец по ред во првите борбени линии.

Епидемијата го промени и животот на децата - наместо во училиште пред компјутер - речиси цела година едукација онлајн - изостанува ли психолошко педагошкиот дел во образованието - како наставниците, но и учениците се справуваат со епидемијата. Дали новото нормално е нормално? Ќе се врати ли некогаш животот каков што беше пред епидемијата?

ВО 24 анализа со доктор Васка Митова психијатар од Универзитетската клиника за психијатрија и со професорката Татјана Стојановска Иванова од Филозофскиот факултет - за тоа какви психолошки и социолошки траги остава коронапандемијата зад себе.

0 Коментари

Остави коментари